| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмени од Бурса сакаат да соработуваат со македонски компании

Invest in macedonia-

Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и шест милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за  почнување бизнис во Македонија.

– Нашата интенција е Македонија да биде една од земјите кон кои ќе ги насочиме вложувањата. Остваривме контакти со македонски стопанственици од прехранбената индустрија, преработката на овошје, сточарството, производството на мебел и соларната енергија – рече Мустафа Крџи, претседател на стопанската комора Румелисиад.

Транспарентноста во работењето, довербата и способноста за компромис се клучни фактори за успешен бизнис, порачуваат турските стопанственици. Сепак, добро е и лично да се доживеат искуствата на успешните компании.

Индустриските зони во Бурса вработуваат 600.000 лица, а дневното производство на автомобили достигнува 3.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top