Сликата која што беше објавена вечерва на Твитер ја покажува препознатливата жолта лента на Управата за јавни приходи залепена на вратата на угостителскиот објект лоциран веднаш до милениумскиот крст на Водно.
Најверојатно неиздавање на фискална сметка е причината поради која што во период од 30 дена скопските планинари нема да можат да си купат чај и кафе за време на престојот на оваа многу посетена туристичка локација.
Угостителскиот дуќан инаку се наоѓа на местото каде што во 1944 година бил поставен германски бункер кој бил уништен по судирот на македонските партизани со германските воени единици.
фото: Твитер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Додека Скопје се гуши: Како изгледа врвот на Водно во моментов (фото)
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
„Го сакам Водно“ демантира дека е постигната согласност со активистите за гасоводот
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола


