| четврток, 6 декември 2018 |

Или ќе плаќаат вода редовно, или ќе платат на извршител

Кочанскиот водовод се закани дека ќе ги активира мерките за присилна наплата, бидејќи граѓаните сè уште имаат неподмирени долгови кон нив, а тоа се околу 10% на кои Јавното претпријатие сè уште чека

kocanski vodovod

Парите од граѓаните за испорачана и фактурирана вода и изнесување на комуналниот отпад не можеле да се наплатат и по повеќе години, се пожалија од Јавното претпријатие.

Вообичаено двапати во годината доставуваат опомени до неплаќачите, но поради малиот ефект од тоа платните налози се доставуваат до нотарските канцеларии, кои од лани ја преземаа улогата на Судот за присилна наплата на долговите. Од „Водовод“ велат дека тоа се покажало како поефикасен и побрз начин за прибирање на побарувањата од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top