| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Уште овој месец ќе започне реконструкцијата на железничката станица во Скопје

mile-janakieski

Нискобуџетните авиокомпании го раздвижија авиосообраќајот, субвенциите го поттикнаа развојот на туризмот во државата. а оваа тема говореше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во дневникот на МРТ.

-Во текот на 2013-та година успеавме да ја пробиеме онаа фамозна бројка од милион патници. Аеродромот „Александар Велики“ повторно беше прогласен за најдобар аеродром во Европа, во категоријата до два милиони патници. Општината Охрид многу наскоро ќе објави јавен повик за пронаоѓање на компанија која ќе воспостави директна линија од Охрид до европска дестинација. Со тоа уште повеќе ќе го придвижиме туризмот во Охрид. Сега за сега, го следиме договорот со Визер, кој истекува наредната година. Владата припрема нов пакет кој треба да го објавиме во 2015-та година, рече Јанакиески за МРТ.

Субвенциите, посочи, се покажаа како одличен чекор со кој драстично се зголеми бројот на патници, но уште поважно, на македонските граѓани им беше овозможено да патуваат евтино кон европски дестинации.

-Очекувам дека уште во овој месец ќе започнат градежните работи за реконструкција на железничката станица во Скопје, која треба да трае во рок од девет месеци. Значи некаде на почетокот од наредната година, ќе имаме целосно реконструирана железничка станица, рече Јанакиески.

Целиот разговор со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, погледнете го во прилогот на МРТ.
)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top