| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ и Украина ќе го потпишат политички дел од планираниот договор за асоцијација

z12856360Q,Donald-Tusk-i-Angela-MerkelЕУ и Украина ќе го потпишат политички дел од планираниот договор за асоцијација меѓу нив, изјавија полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Ангела Меркел, која е во посета на Варшава.

– Со канцеларката Меркел веруваме дека потпишувањето на договорот за асоцијација со Украина колку што е можно поскоро ќе биде од голема полза- рече Туск на заедничката прес-конференција со Меркел.

– Ако не се појават технички пречки, потпишувањето на политичкиот дел од договорот може да стане дел на средбата на Европскиот совет идната недела- додаде тој.

Меркел додаде дека ако не биде постигнат напредок кон уредување на украинската криза, лидерите на ЕУ на средбата идната седмица треба да разгледаат втора етапа со построги санкции против Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top