| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

зоран ѓинѓиќ

Пред 11 години, на влезот во зградата на Владата на Србија е убиен премиерот и лидерот на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ.

Годишнината од смртта ќе се одбележи со повеќе настани. Демократската партија која тој ја основа во 1989 година ќе положи цвеќе во Алејата на славните, а како и секоја година ќе се организира и натпреварот „Беседи во чест на Зоран“, кој се организира со фондацијата која го носи неговото имет. Закажана е конвенција на ДП на Плоштадот на Републиката, како и прошетка по „медиумската траса“.

Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година околу 12.25 часа и неколку часа подоцна беше прогласена вонредна состојба која траеше до 22 април.

За извршители на грозоморниот чин беа осомничени припадниците на земунскиот криминален клан. Беа уапсени 11.665 лица, меѓу кои и партиски функционери, високи воени официри, носители на правосудни функции и естрадни ѕвезди. Некои од нив беа и во притвор.

Во август 2003 година беа обвинети 44 лица за учество во убиството на Ѓинѓиќ, а судењето почна 22 декември 2003 година во Белград. Тие беа прогласени за виновни и вкупно беа осудени на 378 години затвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top