Месут Озил ќе паузира извесно време по повредата на тетивата на вчерашниот реванш меч против Баерн во Лигата на шампионите. Озил настрада, Арсенал испадна, а медиумите остро ги нападнаат и играчот и клубот.
„Најскапиот играч во историјата што Германија го извезе на англискиот пазар, не покажа ништо. Очекувавме дека ќе биде посебно мотивиран во Минхен, поради враќањето во земјата од каде пристигна во Арсенал, но Озил беше слаб. Арсенал плати 50 милиони евра, а како играше Озил против Баерн не вреди ни мал дел од тоа“, пишува Нил Ештон, колумнистот на „Дејли Меил“.
Озил остана во соблекувалната по завршувањето на првиот дел, не смее да дава изјави по клупската забрана, а проговори Арсен Венгер.
„Повредата на Месут е прилично лоша“, изјави кусо менаџерот на „топчиите“. Арсенал испадна со вкупен резултат 1-3, а клучен беше поразот во Лондон од 0-2. Вчера во реваншот Баерн поведе со голот на Швајнштајгер во 55 минута, а само 120 секунди подоцна Подолски израмни за Арсенал на 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.