Падот на економија на Германија повеќе отколку што се очекуваше се толкува како јасен знак дека финансиската криза го зема данокот и во најголема економија во Европа.
Според германскиот сојузен Завод за статистика, намалувањето во последните три месеци на 2012 година е резултат од намалениот извоз, ослабена е побарувачката во другите европски земји, од кои многу се во рецесија.
Германија се потпира на извозот во други европски земји, а во последниве години се зголемија економските тешкотии во Шпанија, Италија, па дури и Франција и Велика Британија, падна побарувачката за германските индустриски стоки од висок квалитет.
Повеќето економисти предвидуваат дека падот во последниот квартал од годината ќе биде помеѓу 0,4 и 0,5 отсто.
Намалување од 0,6 отсто е најлошиот резултат на германската економија од 2009 година, кога светот беше погодена од кризата во банкарскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.