Во Шпанија денеска се одбележува десет годишнината од терористичкиот напад во Мадрид од 2004 година,кога загинаа 191 лице,а околу две илјади други беа ранети.
На комеморацијата во централната катедрала во шпанскиот главен град присуствуваа и кралот Хуан Карлос,со кралското семејство,како и премиерот Маријано Рохај со владините министри,во услови на максимална безбедност,поради стравот што постои за повторување на нападот.
Во раните утрински часови,на 11 март 2004 година,силна експолозија разнесе неколку вагони од патничкиот воз,преполн со патници,кои од околните места патуваа во Мадрид на работа.Меѓу загинатите покрај Шпанци,имаше и голем број странски имигранти,од разни европски земји.
Десет години подоцна,Шпанија одново се соочува со „реална закана„ уште еднаш да биде цел на терористички напад од разните милитантни исламистички групи,поврзани со терористичката мрежа на Ал Каеда.
Пред одбележувањето на годишнината од нападот,безбедносните сили и разузнавачките агенции имаат примено закани од Ал Каеда,како и од со неа поврзаната африканската група „Ал Каеда во исламски Магреб„ и од исламистички милитантни групи кои војуваат во Сирија за да го соборат од власт Башар ал Асад.
Сите тие се закануваат дека се подготвува нов напад врз „Ал Андалуз“ како што исламистичките милитанти ја означуваат шпанската територија. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандез Дијаз рече дека покрај разузнавачките
агенции,во широката операција за спречување на напад,како оној од пред 10 години,се вклучени и полицијата и специјалните сили за антитероризам,што не се однесува само за денешниот ден,за кога исто така постојат закани.
– Шпанија и понатаму е цел на глобалниот тероризам,како терен на кој оперира светскиот џихад, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандез Дијаз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.