| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо, човек со големо срце

Фудбалерот на Реал ќе ја плати операцијата на десет месечниот Ерик Ортиз Круз кој е роден со тешка болест на мозокот.

Кристијано Роналдо одговори на повикот на родителите на десет месечното момче кое се родило со тешка болест на мозокот и мора итно да се оперира.

Иако медиумите неколку пати го нарекуваа арогантен и себичен, сепак изгледа дека овој пат познатиот фудбалер реши да си го покаже правото лице и реши да ја плати операцијата на малиот Ерик која чини 60 илјади евра.

Португалецот пред две години плати и лечење на друго момче кое боледуваше од рак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top