| четврток, 6 декември 2018 |

Стипендии од Русија за македонски студенти

studenti

Вкупно 60 стипендии ќе додели Руската Федерација за македонски студенти што студираат на техничките факултети.

Од нив 44 стипендии ќе бидат наменети за додипломски студии, седум за магистерски, осум за специјалистички и една за докторски студии.

– Апелирам до сите заинтересирани да ги доставаат своите апликации до 8 април, кога е крајниот период за аплицирање во рамки на целокупната процедура којашто заедно со Амбасадата на Руската Федерација во процесот на селекција ќе ја реализираме како ресорно министерство и од тоа очекуваме да имаат 60 граѓани на Република Македонија значаен бенефит во поглед на зголемување на квалитетот на нивното образование, а Македонија да добие, исто така, значајно подобрување на кадарот, којшто потоа своите знаења ќе ги имплементира во државата – изјави ресорниот министер Спиро Ристовски.

Руската Федерација оваа година има значителен пораст на бројот на стипендии, а стипендираните студенти ќе имаат можност да студираат во едни од најквалитетните универзитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top