| четврток, 6 декември 2018 |

Санадер осуден на девет години затвор

Ivo-Sanader-l-ex-premier-dietro-le-sbarre_large

Поранешниот хрватски премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер денеска неправосилно е осуден на единствена затворска казна од девет години поради извлекување пари од државни институции и фирми преку маркентишката агенција  Фими Медија, според која е наречена и најголемата корупциска афера во хрватската политика.

Доколку биде потврдена првостепената пресуда, освен затворската казна Санадер ќе треба да врати и 15,27 милиони куни, односно околу два милиони евра, за кои загрепскиот Жупаниски суд утврди дека ги стекнал на незаконски начин.

Освен Иво Санадер, со неправосилна пресуда за виновни се прогласени уште четири лица, меѓу кои и сопственчката на „Фими медија“, Невенка Јурак, и поранешниот потпарол на Санадер, Ратко Мачек.

Хрватската демократска заедница е казнета со пет милиони куни, околу 700 илјади евра, а им се одзема и имотната корист остварена со кривичното дело во износ од 24,2 милиони куни, пренесува ИНА.

ХДЗ на обвинението одговори дека извршените незаконитости се направени без знаење на регуларните партиски тела, како и дека Санадер и останатите поради нанесената материјална и репутациска штета би требало да вратат 50 милиони куни.

Санадер, кому му е ова втора пресуда за корупција, и овој пат тврдеше дека е невина жртва на политички прогон. Во ноември 2012 одина тој беше проласен за виновен во аферата „Хипо“, како и за примање поткуп од унгарската компанија „Мол“ на десет години затвор и наложено му е да врати 2,5 милиони куни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top