| четврток, 6 декември 2018 |

Театар Комедија од утре со претстави во својот нов дом

teatar komedija

Театар Комедија почнува со претстави во зградата на поранешен МНТ. Билетарницата на театарот почна да работи од вчера, а билети може да се купат од 9 часот наутро до 20 часот навечер, односно пред самиот почеток на претставата.

Првата претстава што ќе биде одиграна на сцената на некогашниот МНТ е „Стјуардеси“, која е на репертоарот утре, 12 март. Веќе на 13 март Театар Комедија на репертоар ја стави „Лет на кандидатското гнездо“, а следниот ден, 14 март, љубителите на комедијата може да ја погледнат претставата „За секого има по една…“.

Телефонскот број на билетарницата на Театар Комедија е 02/3119990.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top