| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски утре во посета на Германија

_Upload_Vesti_Nikola_poposki_201412215252

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, утре ќе престојува во работна посета на Берлин, каде што ќе се сретне со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмајер, соопшти МНР.

За време на посетата, министерот Попоски ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, како и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјалдемократската партија и Христијанско-демократската унија.

Предвидено е Попоски да има средби и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел, како и работен брифинг во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top