Од 1 февруари испораката на гас надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз пораснаа за 8% (до 476.5 милиони кубни метри дневно). Увозот на гас од страна на Нафтогас од Украина порасна за двапати (до 45 милиони кубни метри дневно).
Рускиот аналитичар Константин Симонов, генерален директор на Фондот за национална енергетска сигурност, не ја исклучува можноста растот на обемот на пумпање гас во европските подземни складишта да е поврзан со украинскиот фактор.
„Зашто Европејците знаат до каде може да дојде работата“, вели Симонов. Европа се подготвува за губење на испораката на рускиот гас преку Украина, а Киев на целосно исклучување од рускиот гас, вели Михаил Корчемкин, шеф на компанијата за консалтинг East European Gas Analysis.
Теоретски гледано „гасна војна“ може да настане од неколку причини: поради откажување од страна на Русија за испорака на гас за Украина, зашто таму не плаќаат за него и земаат помалку одошто е предвидено во договорот, или откажување на самата Украина да купува руски гас по 400 долари за илјада кубни метри, или поради можното уништување на украинскиот гасовод.
Но, стручњаците не очекуваат дека ќе започне „гасна војна“ и дека ќе запре испораката на гас во Украина. Тоа не е исплатливо за Русија. Поради прекинувањето на испораката на гас во украинскиот гасовод Гаспром ќе остане без третина од извозната добивка, а тоа се 10 милијарди долари, вели Корчемкин. „Финансиските санкции на САД ќе го искомплицираат добивањето заеми од банките за руските државни компании, па Гаспром нема да има пари за изградба на Јужен тек“, објаснува тој. Украина и Европа можат, според неговото мислење, да издржат само до следната зима.
Како што е познато, рускиот гас не доаѓа во Европа само преку Украина, туку и преку Северен тек. Ако запре испораката преку Украина и ако во целост се оптовари Северен тек, Европа ќе добива приближно две третини од она што е предвидено според договорот, пресметал Корчемкин. Запирањето на испорака на гас, според него, ќе се почувствува само во Словачка. И во Европа има уште резерви на гас во подземните складишта и на промптниот пазар.
Но, наесен темата за гас повторно ќе се заостри поради потребите од пумпање гас во подземните складишта на Украина, за во следната грејна сезона да има гас за сите, и за Украина и за Европа, смета Симонов. Станува збор за тоа дека рускиот глас во Европа доаѓа транзитно преку територијата на Украина. Но, всушност сè се одвива сосема поинаку. Назима Украина ѝ дава гас на Европа токму од своите складишта, бидејќи се наоѓаат покрај европските граници. А, оној транзитен гас, кој демек оди од Русија во Европа, Украина всушност го зема за себе. На крајот се добива следнава шема: Украина мора да даде исто толку гас од своите гасни складишта во Европа колку што има земено на границата со Руската Федерација.
„Пумпањето во складиштата треба да започне кон крајот на летото. Се плашам дека револуционерната власт воопшто не го зема тоа предвид. За наесен може да се прогнозира сериозна гасна криза“, вели Константин Симонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа