| четврток, 6 декември 2018 |

Мехмети за божемната врска со македонски министер: Сѐ е масло на опозицијата

ermira-mehmeti-2

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети проговори за изнесените лаги за божемната врска со македонски министер. Таа во текст во весникот „Коха“ насловен како „Ви благодарам“ пишува дека лажните информации биле користени од албанската опозиција за политички профит.

Мехмети вели дека и покрај тоа што новинарот што ја објавил оваа информација јавно се извинил и признал дека лажел, не запреле нападите од претставниците на ДПА. Била постојано цел на напад и на социјалните мрежи каде што секојдневно добивала пораки со навредлива содржина. Мехмети вели дека е зачудена колку жената Албанка може да навредува. Таа вели дека во пцостите, некои Албанки ги засенувале и мажите.

-Мизерни се и новинарите што го објавиле лагите, но и нивните ментори, кои на овој начин сакаат да профитираат политички – коментира Мехмети заблагодарувајќи се на сите што ја поддржувале и ја поддржуваат.

Реакцијата на Мехмети следи по информациите во некои медиуми дека е во врска со македонски министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top