| четврток, 6 декември 2018 |

Колдинг го освои данскиот куп и во победнички ритам доаѓа во Скопје

Противникот на Металург во осминафиналето на Лигата на шампионите, Колдинг, го освои данскиот куп со победа од 28-24 против Бјерингбро Силкеборг.

Колдинг ќе му гостува на македонскиот вицешампион на 23 март, а потоа ќе биде домаќин во реваншот една недела подоцна. Вчера во финалето на данскиот куп, Колдинг речиси рутински го совлада ривалот од Силкеборг и ја освои првата титула по пауза од 4 години.

Бо Спелерберг беше најефикасен во победничкиот состав со 8 гола, шест постигна Алберто Рокас, а два помалку имаше Ларс Јоргенсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top