| четврток, 6 декември 2018 |

Во Романија верижен судир на 40 возила, четворица повредени

Кај романското место Алба во северозападниот дел од земјата во неделата се судриле 40 возила, при што полесно се повредени четири лица. Како што за медиумите соопшти портпаролот на романската сообраќајна полиција, Паул Улиеру, причини за големата сообраќајна несреќа биле непридржувањето на возачите на ограничувањето на брзината во услови на голомразица на автопатот. „За среќа, немаше жртви, меѓутоа повеќето возачи ќе мора да ги ремонтираат своите возила”, додал портпаролот.

25df81cf-0256-49eb-887b-eb8330b91191

Според него, синоптичарите и претставниците на властите повеќепати од почетокот на седмицата ги предупредуваат возачите за голомразицата и неопходноста да се придржуваат на зимскиот режим на возење и зголемена претпазливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top