
Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај изјави дека до целосно нормализирање на односите со Србија може да се дојде само откако таа ќе ја признае независноста на Косово.
Хоџај за време на својата посета во Берлин и средбите со пратениците од Бундестагот, истакнал дека постојат пет чекори во процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Според него, првиот чекор е имплементирање на сите договори постигнати во дијалогот со Брисел.
Вториот е расформирање на српските нелегални структури на Косово од страна на властите во Белград. Следен чекор е интегрирање на српската заедница во косовските институции.
Четвртиот чекор, според Хоџај, е Србија да не го блокира членството на Косово во европските организации и ОН.
– На крајот треба да се случи меѓусебно признавање на Косово и Србија како две независни и суверени држави. Само со исполнување на овие услови можеме да зборуваме за нормализирање на односите, нагласи шефот на косовската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


