
Фото: ЕПА
Рафаел Надало оствари победа во првиот меч на Мастерсот во Индијан Велс и се пласираше во третата рунда. Но првиот рекет на планетата се намачи во дваипол часа борба, кога успеа после пресврт да го елиминира Чехот, Радек Штепанек со 2:6, 6:4, 7:5.
Штепанек имаше три брејк топки на 3:2 во третиот сет, но дозволи Шпанецотда се врати во игра и во финишот во целост да го сврти резултатот.
Надал во третото коло на Индијан Велс ќе игра против 28 носител Александро Долгопалов.
Во третото коло на Индијан Велс поминаа и Рожер Федерер и Енди Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


