| четврток, 6 декември 2018 |

Докторите за состојбата на Шумахер: очекувајте најлошо

sumaher-skijanje-

Новинар од Германија тврди дека на семејството на Михаел Шумахер му било соопштено дека состојбата во која се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1 е полоша од она што очекувале.

– На семејството му  е кажано дека само чудо може да го спаси Шумахер. Знаеме дека е во многу лоша состојба, но сѐ додека семејството не соопшти официјално, ние не смееме ништо да објавиме – изјавил за еден британски медиум новинарот од Германија.

Според друг извор, докторите веќе му соопштиле на семејството каква е состојбата со Шумахер.

– Понекогаш се случуваат чуда, но има малку надеж дека Шумахер ќе се извлече – изјавил изворот.

Шумахер (45) е во вештачка кома од 29. декември по падот на скијање во Франција, кога со главата удри во карпа. Оттогаш тој е во болница во Гренобл, каде што двапати беше опериран, а докторите во крајот на јануари почнаа со процесот во кој постепено го будат од кома.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top