
Новинар од Германија тврди дека на семејството на Михаел Шумахер му било соопштено дека состојбата во која се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1 е полоша од она што очекувале.
– На семејството му е кажано дека само чудо може да го спаси Шумахер. Знаеме дека е во многу лоша состојба, но сѐ додека семејството не соопшти официјално, ние не смееме ништо да објавиме – изјавил за еден британски медиум новинарот од Германија.
Според друг извор, докторите веќе му соопштиле на семејството каква е состојбата со Шумахер.
– Понекогаш се случуваат чуда, но има малку надеж дека Шумахер ќе се извлече – изјавил изворот.
Шумахер (45) е во вештачка кома од 29. декември по падот на скијање во Франција, кога со главата удри во карпа. Оттогаш тој е во болница во Гренобл, каде што двапати беше опериран, а докторите во крајот на јануари почнаа со процесот во кој постепено го будат од кома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Серена Вилијамс му пиша на македонскиот тенисер: „Луѓе како тебе ме инспирираат“
-
Тетовец во кома, роднини го претепале за имот
-
Паднал во кома и срушил рекорд: Еден час го реанимирале и еве што видел на „другата стана“


