| четврток, 6 декември 2018 |

Европската десница избира кандидат за претседател на ЕК

grujo evropЕвропската народна партија го избира својот кандидат за функцијата претседател на Европската комисија. Европската десница ќе треба да се одлучи меѓу Французинот Мишел Барние и поранешниот премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер. Противкандидат од левицата за челното место на Комисијата ќе биде германскиот европарламентарец Мартин Шулц. Според аналитичарите во Брисел, токму кандидатот на Европската десница е најсериозниот фаворит за наследник на досегашниот претседател Жозе Мануел Баросо.

На настанот во организација на Европската народна партија каде што свое обраќање имаше премиерот Никола Груевски, се обратија и европските лидери, германската канцеларка Ангела Меркел, Европскиот комесар за внатрешен пазар Мишел Барние и поранешниот премиер на Лукслембур, Жан-Клод Јункер.

На настанот говор одржа и легендата на светската попрок-музика, Боно Вокс од мегапопуларната група „Ју ту“.

44th Annual Meeting of the World Economic Forum

Во Даблин се присутни 2.000 учесници и преку 800 делегати. Во делегацијата која ја предводи Груевски се и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, Влатко Ѓорчев и Никола Попоски, како делегати кои имаат право на глас во овој конгрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top