| четврток, 6 декември 2018 |

Главниот вокал на „Блур“ и на „Горилаз“ на „Егзит 2014“

Дејмон Албарн (Damon Albarn), основачот и главен вокал на „Блур“ (Blur) и на „Горилаз“ (Gorilazz), доаѓа на овогодишното издание на „Егзит“. На фестивалот ќе гостува на 12 јули на главната сцена и ќе го претстави својот нов солопроект, но ќе направи и своевидната ретроспектива на својата целокупна кариера.

Покрај песните на„Блур“ и на „Горилаз“, кои спаѓаат меѓу најголемите музички проекти на сите времиња, Дејмон ќе ги изведе и нумерите настанати од опусот на останатите концептуални проекти и супергрупи во кои учествувал.

Покрај наградите „Греми“, Дејмон во својата досегашна кариера, со многубројните музички проекти и состави, освои пет награди „Брит“, единаесет „Ен-Ем-И“, девет „Кју“ и шест награди „Ем-Ти-Ви“, продаде преку 30 милиони носачи на звук низ светот, додека деби-албумот на „Горилаз“ достигна мултиплатинест тираж.

Стартот на турнејата на Алборн ќе биде во Лондон во април, а покрај потврдените датуми на најголемите светски музички фестивали во Шпанија, Франција, САД, Данска, Холандија и Белгија, Дејмон на 12 јули доаѓа и во Србија на Петроварадинската тврдина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top