Во акција на МВР за разоткривање група што шверцувала текстилна стока преку граничниот премин Ново Село од слобода се лишени 13 лица, а досега се запленети и осум возила со кои е вршено кривичното дело.
Како членови на оваа криминална група, соопшти МВР, се идентификувани и повеќемина вработени во Царинската управа, меѓу кои раководителот на Царинската подружница „Ново Село“ и шестмина царински службеници од истиот граничен премин.
Освен нив, денеска беа приведени и шест физички лица поради основано сомнение дека сите заедно сториле повеќе кривични дела како злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, шверцување, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.
Полицијата почнала и втора фаза на акцијата, односно во тек се мерки и активности што се преземаат во координација со УЈП и Пазарна инспекција во поголем број објекти во кои се продавала криумчарената трговска стока на повеќе локации во Струмица, Скопје, Прилеп, Куманово, Василево, Виница, Тетово и Штип.
Со примена на посебни истражни мерки, се идентификувани членовите на криминалната група, односно злосторничкото здружение кои во континуитет криумчареле огромни количини текстилна роба со која снабдувале бутици во повеќе градови низ државата.
Според документираните сознанија, делата се вршени на тој начин што нарачателите на трговската стока – правни субјекти, кои ја купувале во Бугарија и во Грција претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?