| четврток, 6 декември 2018 |

Февруарската инфлација 0,6 отсто

market

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1,9 отсто, мастите за 1,6 отсто, овошјето за 0,8 отсто, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто и преработките од млеко за 0,4 отсто.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9,3 отсто, информатичката опрема за 8,5 отсто, гасот за домаќинствата за 7,6 отсто, течните горива и мазива за 1 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,9 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај конзервираното овошје за 2,1 отсто, зеленчукот за 1,6 отсто, мармаладите и чоколадните производи за 0,7 отсто, рибата за 0,6 отсто, алкохолни пијалаци за 0,5 отсто, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0,4 отсто, свежото млеко за 0,3 отсто, тестенините и др. прехранбени производи за 0,2 отсто.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3,3 отсто, телефонските и факс апарати и услуги за 0,9 отсто, мебелот за 0,4 отсто и фармацевтските производи за 0,2 отсто.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top