| четврток, 6 декември 2018 |

Поглаварот на ИВЗ фрли клетва врз стотици Албанци и муслимани

Спо­ред поз­на­ва­чи на ис­лам­ска­та ре­ли­ги­ја, пог­ла­ва­рот на ИВЗ сво­ја­та кле­тва врз гра­до­на­чал­ни­кот на При­леп ја те­ме­ли врз ана­те­ма­та што, спо­ред тра­ди­ци­ја­та, ја ис­пра­ти­ле не­и­ма­ри­те на Чар­ши-џа­ми­ја­та при неј­зи­на­та град­ба со жр­тва­та изра­зе­на пре­ку ра­бо­та­та на из­град­ба на џа­ми­ја­та и жр­тва­та изра­зе­на пре­ку кур­ба­нот, кој, ка­ко и во хри­сти­јан­ска­та ре­ли­ги­ја, се вгра­ду­ва во те­ме­ли­те на об­је­ктот. Но кле­тва­та ва­жи и за си­те дру­ги што уни­шти­ле вер­ски об­јект, не са­мо за тие што ури­ва­ле џа­мии

Sulejman-Redzepi-Rejs-1

Спо­ред дел од ис­лам­ски­те те­о­ре­ти­ча­ри и пра­кти­ча­ри, во из­вор­ни­от текст на „Фејс­бук“ на­пи­шан од Ре­ис-ул-уле­ма ефен­ди Су­леј­ман Ре­џе­пи не­ма по­са­ку­ва­ње смрт. Не­го­ви­те из­ја­ви, всуш­ност, тре­ба да се тол­ку­ва­ат ка­ко знак де­ка евен­ту­ал­ни­те и по­тен­ци­јал­ни жр­тви ги фа­ти­ла не­ко­ја кле­тва. Спо­ред нив, во си­те ве­ри има одре­де­на бож­ја каз­на за зу­лу­мот, од­нос­но за на­не­се­на­та не­прав­да, во слу­ча­јов па­ле­ње­то хра­мо­ви. Кле­тва­та ка­ко ин­сти­ту­ци­ја ис­ла­мот ја сме­та за ефе­кти­вен ме­ха­ни­зам, од­нос­но сме­та де­ка таа ги стиг­ну­ва не­пра­вед­ни­ци­те што ќе на­не­сат зло. Во исто вре­ме, ис­ла­мот не пре­по­ра­чу­ва вер­ни­кот да би­де тој што ќе кол­не. До­пол­ни­тел­но стои еден по­да­ток што е по­ве­ќе исто­ри­ски откол­ку што е вер­ски. Име­но, во до­ку­мен­ти­те за ва­ка­фи­те, во за­ве­шта­ни­ја­та на имо­тот што се да­ру­вал да би­де на бож­јо име има еден дел што се ви­ка дел на кле­тви. Во не­го тој што за­ве­шту­ва фр­ла кле­тва над се­ко­го што ќе го уни­шти, ќе ја про­ме­ни функ­ци­ја­та, ќе го узур­пи­ра или ка­ко би­ло ќе го оште­ти тоа до­бро што му го от­ста­пил на бо­га.

Дру­ги вер­ски струч­ња­ци, кои ин­си­сти­ра­ат на ано­ним­ност, ве­лат де­ка овие пра­ви­ла врз ос­но­ва на кои пог­ла­ва­рот на ИВЗ ги про­кол­на си­те што учес­тву­ва­ле во па­ле­ње­то на при­леп­ска­та Чар­ши-џа­ми­ја ва­жат за си­те вер­ски об­је­кти, а не са­мо за ис­лам­ски­те. Тоа е ед­на од при­чи­ни­те што во ос­ман­ли­ски­от пер­и­од во Ма­ке­до­ни­ја и се­ка­де ка­де што има­ло хри­сти­јан­ски вер­ски об­је­кти тие ре­тко би­ле па­ле­ни или уни­шту­ва­ни на кој би­ло на­чин. Стра­вот де­ка уни­шту­ва­чи­те ќе ги стиг­не кле­тва­та на не­и­ма­ри­те и на кти­то­ри­те на вер­ски­те об­је­кти со ве­ко­ви ги шти­тел и пра­вос­лав­ни­те цр­кви и ма­на­сти­ри. На пра­ша­ње­то да­ли спо­ред таа ло­ги­ка од ана­те­ма­та на ефен­ди Су­леј­ман Ре­џе­пи тре­ба да се пла­шат и тие што ги за­па­ли­ја Ле­шоч­ки­от ма­на­стир, што го ос­квер­на­ви­ја ма­на­сти­рот во ку­ма­нов­ско­то се­ло Ма­теј­че во 2001 го­ди­на или тие што ја за­па­ли­ја цр­ква­та во се­ло­то Ла­бу­ни­шта пред ед­на го­ди­на, тие не­ма­ат ди­ле­ма, се­кој што свес­но и со на­ме­ра на­пра­вил ште­та на вер­ски об­јект, ако го сле­ди прин­ци­пот на кој се по­ви­ку­ва Ре­џе­пи, тре­ба да жи­вее во страв од бож­ја од­маз­да.

Со тоа ефен­ди Су­леј­ман Ре­џе­пи, всуш­ност, не го про­кол­на са­мо гра­до­на­чал­ни­кот на При­леп ту­ку и си­те Ал­бан­ци што би­ле чле­но­ви на ОНА и мус­ли­ма­ни што па­ле­ле или на кој би­ло на­чин уни­шти­ле хри­сти­јан­ски вер­ски об­је­кти.

Си­те што не ги каз­ни­ле ин­сти­ту­ци­и­те, и хри­сти­ја­ни и мус­ли­ма­ни, ќе ги каз­ни гос­под

Порт­па­ро­лот на ИВЗ Абаз Ис­ла­ми ин­ди­рект­но по­твр­ду­ва и ве­ру­ва де­ка по­крај си­те хри­сти­ја­ни што ури­ва­ле ис­лам­ски вер­ски об­је­кти, кле­тва­та ќе ги стиг­не и си­те Ал­бан­ци и мус­ли­ма­ни што уни­шту­ва­ле не­ис­лам­ски вер­ски об­је­кти. Тој иа­ко се сог­ла­си да од­го­во­ри на ди­рект­ни­те пра­ша­ња на „Ре­пуб­ли­ка“ на оваа те­ма, се­пак до за­тво­ра­ње­то на овој број не од­го­во­ри на пра­ша­ња­та што беа до­ста­ве­ни до не­го­ва­та лич­на по­шта и до служ­бе­на­та еле­ктрон­ска по­шта на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца. Во из­ја­ва за дел од ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми што по­ба­раа об­јас­ну­ва­ње за ра­ди­кал­ни­те из­ја­ви на пог­ла­ва­рот, Ис­ла­ми по­ра­ча де­ка пог­ла­ва­рот не на­пи­шал ни­што ло­шо и се­ка­ко де­ка стои зад тоа што е на­пи­ша­но на „Фејс­бук“. „Ако не­кои лу­ѓе не се каз­не­ти за тоа што го на­пра­ви­ле, то­гаш ра­бо­та­та е оста­ве­на во ра­це­те на гос­под“ (ло­кал­но.мк, 19 фе­вру­а­ри 2014 го­ди­на). Со тоа и порт­па­ро­лот на ИВЗ ја по­твр­ди те­за­та на дел од вер­ски­те акти­ви­сти де­ка ре­и­сот со фа­моз­на­та из­ја­ва фр­лил кле­тва на сто­ти­на при­пад­ни­ци на ОНА што па­леа и уни­шту­ваа хри­сти­јан­ски об­је­кти во 2001 го­ди­на и по­доц­на.

Sulejman-Redzepi-Rejs-2

Са­мо во Те­тов­ско сто­ти­ци „не­вер­ни­ци“ тре­ба да жи­ве­ат во страв од бо­га

Спо­ред из­ве­шта­јот об­ја­вен на веб-стра­ни­ца­та на те­тов­ско­то ар­хи­је­реј­ско на­мес­ниш­тво при По­ло­шко-ку­ма­нов­ска­та епар­хи­ја на МПЦ ОА во 2001 го­ди­на (се­га Те­тов­ско – го­сти­вар­ска епар­хи­ја), чле­но­ви на ОНА од те­тов­ско­то Ка­ле из­вр­ши­ја на­пад со ог­не­но оруж­је на Те­то­во, во не­го­ви­от за­па­ден дел ка­де што се на­о­ѓа­ат цр­кви­те „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“, „Све­ти Ни­ко­ла“, со­бор­на­та цр­ква „Све­ти Ки­рил и Ме­то­диј“ и „Све­ти Ди­ми­триј“. Со кур­шу­ми од те­шко стре­лач­ко оруж­је и со ми­но­фр­лач­ки гра­на­ти те­ро­ри­стич­ки­те бан­ди оште­ти­ја дел од спо­ме­на­ти­те цр­кви уште пр­ви­от ден. А по­тоа, ка­ко што се расп­лам­ту­ва­ше агре­сив­но­ста во „бор­ба­та за чо­ве­ко­ви пра­ва“, та­ка се на­па­ѓаа, сквер­на­веа, ури­ваа, па­леа и ми­ни­раа цр­кви и ма­на­сти­ри, па ду­ри и та­кви што има­ат наг­ла­се­на кул­тур­но-исто­ри­ска вред­ност и се под по­себ­на за­шти­та на др­жа­ва­та. Та­ков е слу­ча­јот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ и „Све­ти Ата­на­сиј“ во се­ло­то Ле­шок, ка­де што цр­ква­та „Све­ти Ата­на­сиј“, во­зоб­но­ве­на во 1924 го­ди­на врз те­ме­ли­те на раз­ур­на­та­та цр­ква за вре­ме на Ото­ман­ска­та им­пе­ри­ја, на 21.8.2001 го­ди­на е раз­ур­на­та до те­ме­ли со ми­ни­ра­ње. Освен спо­ме­на­ти­от Ле­шоч­ки ма­на­стир, за­па­ле­ни се и ма­на­сти­рот „Све­ти Ѓор­ѓи“ во се­ло Ма­ла Ре­чи­ца и цр­ква­та „Све­ти Ни­ко­ла“ во се­ло­то Сла­ти­на. Ос­квер­на­ти, оште­те­ни и опу­сто­ше­ни се цр­кви­те и ма­на­сти­ри­те во ре­чи­си це­ло­то те­тов­ско ар­хи­је­реј­ско на­мес­ниш­тво, и тоа ма­на­стир­ска­та цр­ква „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во се­ло Џеп­чи­ште, цр­ква­та „Све­ти Куз­ман и Дам­јан“ во се­ло Је­до­ар­це, цр­ква­та „Све­ти Ѓор­ѓи“ во се­ло Оту­ње, цр­ква­та „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во се­ло Се­то­ле, цр­ква­та „Све­ти Ар­хан­гел Ми­ха­ил“ и ма­на­сти­рот „Све­ти Ѓор­ѓи“ во се­ло Не­про­ште­но; цр­кви­те „Све­ти Спас и све­ти Ата­на­сиј“ во се­ло Дол­но Пал­чи­ште, ма­на­сти­рот „Све­ти Ата­на­сиј“ во Бал­те­пе, на те­тов­ско­то Ка­ле, цр­ква­та „Све­ти Ѓор­ѓи“ во се­ло Лав­це со ко­на­кот, цр­ква­та „Све­ти Ни­ко­ла“ во се­ло Дол­на Леш­ни­ца, цр­кви­те „Све­ти Ди­ми­триј Со­лун­ски“, „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ и „Све­та Ма­ре­на“ во се­ло Те­ар­це, ма­на­стир­ска­та цр­ква „Све­ти Ата­на­сиј“, поз­на­та ка­ко стар Ле­шоч­ки ма­на­стир; цр­ква­та „Све­та Пе­тка“ во се­ло Вар­ва­ра, цр­ква­та „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ и ма­на­сти­рот „Све­ти Или­ја“ во се­ло Брез­но, цр­ква­та „Све­ти Јо­ван Бо­гос­лов“ во се­ло Оту­ши­ште, цр­кви­те „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ и „Све­ти Спас“ во се­ло Је­лош­ник, и цр­ква­та „Све­ти Ни­ко­ла“ во се­ло До­бро­ште, се ве­ли во из­ве­шта­јот на По­ло­шка­та епар­хи­ја.

Во ана­ли­за­та се наг­ла­су­ва и де­ка ште­ти­те и раз­ур­ну­ва­ња­та на пра­вос­лав­ни­те све­ти­ли­шта во Дол­ни По­лог во­оп­што не би­ле пре­диз­ви­ка­ни ка­ко „ко­ла­те­рал­на ште­та“ при во­е­ни дејс­тва (освен дел од оште­ту­ва­ња­та на цр­ква­та „Све­ти Ата­на­сиј“ на Бал­те­пе) ту­ку ка­ко ре­зул­тат на актив­но­сти мо­ти­ви­ра­ни од нај­ни­ски по­бу­ди на ет­нич­ка и вер­ска иск­лу­чи­тел­ност и омра­за, ка­ко очиг­лед­ни ан­ти­ци­ви­ли­за­ци­ски ге­но­цид­ни средс­тва за ет­нич­ко чи­сте­ње и иско­ре­ну­ва­ње на тра­ги­те на автох­то­ни­о­то на­се­ле­ние, а се­то тоа во функ­ци­ја на де­стру­ктив­на­та иде­ја за ос­тва­ру­ва­ње на го­ле­мо­ал­бан­ски­те це­ли, се на­ве­ду­ва во из­ве­шта­јот што е на­пра­вен за­ед­но со прет­став­ни­ци­те на ОБСЕ и со во­е­на­та ми­си­ја „Кон­кор­ди­ја“.

(Пишува: Горан Момироски
Текст објавен во 78. број на неделникот „Република“, 28.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top