| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ стои зад изјавата на поглаварот Реџепи

sulejman-redzepi-2

Исламската верска заедница во целост стои зад изјавата на поглаварот Сулејман Реџепи, објавена на неговиот Фејсбук профил каде пишува дека трагичната смрт на моторциклистот во Прилеп е казна од семоќниот Алах, бидејќи тој бил дел од групата која во 2001 година ја запалила Чарши џамијата. Воедно, тој пишува дека и останаите триесетина прилепчани, кои наводно учествуале во инцидентот, изминатите години биле осудени на  смрт и ги загубиле животите, а останал уште градоначалникот Марјан Ристески, кој целосно ќе се соочи со казната од Алах.

Портпаролот на ИВЗ Абаз Ислами, во телефонски разговор за Либертас изјавил дека не гледаат никаков говор на омраза во изјавата, туку во неа пишува за една реална состојба за луѓето кои чепкале во куќата на Алах и не побарале прошка па затоа добиле казна од господ.

-ИВЗ 13 години работи на планот за обнова на џамијата, но владата не ни помага.Зошто државата не ги казни луѓето кои претохдно ја запалија, прашува Ислами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top