На социјалната мрежа Фејсбук се појавија коментари за тоа како преку школски пример, СДСМ вештачки ја билда страната на Стево Пендаровски, објави „Курир“.
Веднаш откако Пендаровски беше избран за претседателски кандидат на СДСМ, на Фејсбук можеше да се забележи голем банер од Пендаровски, кој се појавуваше откако корисникот ќе се одлогира од социјалната мрежа. Сепак, ваквата скапа реклама на социјалдемократите доживеа тотален неуспех и покрај обидите да се прикаже масовност за негова поддршка.
Имено, вештачкото билдање на страната на Пендаровски се прави на тој начин што се менуваат имињата на други фејсбук страници и профили кои претходно имале различна содржина и намена, а врз кои од СДСМ имаат контрола, по што потоа тие истите се спојуваат (мерџираат) кон официјалната Фејсбук страна на Пендаровски и тој всушност добива поддршка од “фанови“ кои всушност не ни знаат дека дека стиснале “лајк“.
-Креирана страна во 2009 година за сосем различна намена. Насловот на страната е преименуван во Стево Пендаровски. Потоа оваа страна се спојува со официјалната страна на Пендаровски, а фановите посоченава страна без да знаат, стануваат „фанови“ на Стево Пендаровски. Потоа СДСМ крева џева колку станале популарни, се пишуваат статии по медиуми. Не се чудете ако некако сте станале фан на Пендаровски. Истото го прават и со профили кои ги преправаат во страни. Чисто да остане забележано – стои во еден од коментарите.
Ваквото преименување на страните кое според коментарите започна пред два дена околу 15 часот, (кога нагло се зголеми бројот на поддржувачи на официјалната страна), чии фанови без да знаат стануваат “фанови“ на кандидатот за претседател на СДСМ, предизвика бурни реакции на социјалната мрежа.
– Како сум станала фан на страната на Пендаровски, па и на Заев, а никогаш не сум ги лајкнала овие страни, стои во друг коментар – стои во друг коментар.
Пред два дена имаше и такви реакции од корисници на Фејсбук на кои им биле пробиени лозинките и од нивните профили биле испратени покани за да се приклучат на страната за поддршка на Пендаровски.
Ова не е првпат СДСМ преку разни интриги да се обиде да ја придобие волјата на граѓаните. Вештачкото билдање на официјалните ФБ страни на политичарите од СДСМ не е нешто ново. Истиот метод со кој Пендаровски се обидува сега да прикаже поддршка, преку спојување на фејсбук страници и добивање на фанови кои всушност не ни знаат дека го поддржале, го користеше и претседателот на партијата Зоран Заев за неговиот официјален профил.
Имено, овие фотографии покажуваат дека во периодот кога Заев на неговата официјална страница немал вештачко билдање, лајковите биле енормно ниски, додека по припојувањето на останати фејсбук страници и профили, бројот на фанови нагло расте. Од ова може да се заклучи дека и кај Заев и кај Пендаровски има “фанови“ кои всушност не знаат дека станале фанови без нивна волја.
Од друга страна, скапата рекламна кампања на Пендаровски на Фејсбук за која се потрошени големи пари и која на светско ниво достигнува и до 700.000 долари дневно, доживеа неуспех, бидејќи кандидатот на СДСМ доколку не се смета вештачкото билдање собра само околу 2.000 “лајкови“.
Интересно е што во неколку наврати СДСМ преку високи функционери најавуваше кампања на Фејсбук. Дали истите функционери ги имаат одобрено и ваквите фалсификати?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.