| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин никако да порасне

Чарли Шин планира четврти брак, но и понатаму се забавува како утре да не постои. Секако и неговата партнерка е воодушевена од сето тоа , па актерот успеа да го добие најдоброто од двата света. За Божик отпатуваа во Кабо Сан Лукас, а „Радар Онлајн“ се распиша за одморот.

Веднаш штом стигнал во градот, Чарли ги повика локалните мајстори за тетоважи да дојдат во хотелот.

– Дојдовме и неговиот телохранител не пушти внатре. Чарли седеше на масата. Околу него имаше шишиња вотка, цигари и шишенце Викодин. Зеде неколку таблети и ги испи со вотка, раскажа еден од присутните. Ги поздрави во својот стил „што има пе..ри’, а потоа насред тетовирање зеде уште таблети.

Ги соблече боксерките и ги запали, а бараше и бакнеж од еден од мажите во собата. Му понуди десет илјади долари, но беше одбиен, раскажа сведокот на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top