На пријателскиот натпревар меѓу Англија и Данска, Џек Вилшер заработи повреда поради која ќе мора да паузира околу шест недели.
Toa што е интересно е дека играчот за врска на Арсенал го повреди дефанзивецот на Ливерпул Даниел Агер, кој за англиските медиуми изјави дека немал таква намера.
– Беше тоа сложена ситуација. Морав да интервенирам, тргнав на топката, но се случи тоа што се случи. Не сакав да го повредам Вилшер – изјави Агер.
За целата ситуација се огласи и селекторот на Англија Рој Хоџсон.
– Секогаш е незгодно кога некој играч ќе се повреди играјќи за репрезентацијата. Тоа не е добра вест ниту за Џек ниту за Арсенал, но се случи. Се надевам дека Вилшер ќе заздрави што побрзо – вели Хоџсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.