| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Зоран Љутков: партнери на сцена, кои се разбираат со поглед

Тие по­втор­но се парт­не­ри во те­а­тар­ска прет­ста­ва. За­ед­но беа на сце­на­та и во „Ог­не­ни ја­зи­ци“ на Сло­бо­дан Ун­ков­ски, по­тоа во „Со­лун­ски па­тр­дии“, има­ат кра­тка, но за­бе­ле­жи­тел­на и впе­чат­ли­ва сце­на во „Грев или шпри­цер“, парт­не­ри се и во „Пос­лед­ни­те Ма­ке­дон­ци“. Но, јав­но­ста најм­но­гу ги знае и ги пре­поз­на­ва по се­ри­ја­та „Са­шо и Са­шка“

Zoran Lutkov - sase i Biljana Dragicevic - Sashka (1)

Зоран Љутков и Билјана Драгичевиќ-Пројковска

Ве­дри, рас­по­ло­же­ни, се­ко­гаш нас­ме­а­ни, акте­ри­те Бил­ја­на Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска и Зо­ран Љу­тков ја оче­ку­ва­ат пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та „Жи­вот во тес­ни чев­ли“ во Драм­ски те­а­тар на 7 март. Тек­стот е на срп­ски­от дра­ма­тург и ре­жи­сер Ду­шан Ко­ва­че­виќ, а ре­жи­ја­та е на Не­над Ви­та­нов.

Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска и Љу­тков по­втор­но се парт­не­ри во те­а­тар­ска прет­ста­ва. За­ед­но беа на сце­на­та и во „Ог­не­ни ја­зи­ци“ на Сло­бо­дан Ун­ков­ски, по­тоа во „Со­лун­ски па­тр­дии“, има­ат кра­тка но за­бе­ле­жи­тел­на и впе­чат­ли­ва сце­на во „Грев или шпри­цер“, парт­не­ри се и во „Пос­лед­ни­те Ма­ке­дон­ци“. Но, јав­но­ста најм­но­гу ги знае и ги пре­поз­на­ва по се­ри­ја­та „Са­шо и Са­шка“, ко­ја се еми­ту­ва­ше на Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја во 2005 го­ди­на. Дејс­тво­то во се­ри­ја­та се од­ви­ва­ше око­лу глав­ни­те ли­ко­ви – ед­на мла­да, уба­ва еман­ци­пи­ра­на ин­те­ле­кту­ал­ка и еден ста­би­лен, со­вре­мен маж, кои се со­се­ма раз­лич­ни по ка­ра­ктер, сфа­ќа­ња и при­стап кон жи­во­тот. Има ед­на ни­шка што ги по­вр­зу­ва, а тоа е љу­бо­вта и са­мо по­ра­ди тоа што мно­гу се са­ка­ат, ре­ша­ва­ат да жи­ве­ат за­ед­но. Ре­жи­сер на се­ри­ја­та бе­ше Дра­ган Вел­ја­нов­ски.

Zoran Lutkov - sase i Biljana Dragicevic - Sashka (3)

Се разбираат со поглед

Во „Жи­вот во тес­ни чев­ли“ Љу­тков е ме­на­џер на те­ле­ви­зи­ја, а Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска е по­сред­ник ме­ѓу ра­бот­ни­ци­те што штрај­ку­ва­ат и таа те­ле­ви­зи­ја. Пи­е­са­та го­во­ри за ра­бот­ни­ци што штрај­ку­ва­ат во про­пад­на­та фа­бри­ка за про­из­водс­тво на лет­ни и на зим­ски чев­ли „ЛИЗО“. Прет­ста­ва­та е омаж на де­неш­но­то вре­ме со си­те свои при­каз­ни и проб­ле­ми што нѐ ма­чат, ка­де што се чув­ству­ва­ме ка­ко да ше­та­ме во иск­лу­чи­тел­но тес­ни чев­ли.

– Ко­га збо­ру­ва­ме за „Жи­вот во тес­ни чев­ли“ прет­ста­ва­та има сре­ќен крај, има на­деж де­ка тие лу­ѓе ќе за­ста­нат и еден ден ќе га­зат без тес­ни чев­ли. На­деж­та пос­лед­на уми­ра и се на­де­ва­ме де­ка ко­мо­ци­ја­та при оде­ње и при жи­ве­е­ње, на не­кој на­чин, ќе би­де ве­ро­јат­на. Ме­ѓу­тоа, ние ка­ко акте­ри жи­ве­е­ме ко­мот­но на сце­на. Не­ма­ме ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка­та и со тоа што се слу­чу­ва над­вор. Се­пак, жи­ве­е­ме во еден пре­кра­сен свет што се ви­ка те­а­тар и на­ши­те чев­ли се се­ко­гаш ко­мот­ни, удоб­ни за га­зе­ње. А тоа што се слу­чу­ва над­вор од те­а­та­рот мис­лам де­ка нам не ни е за­бав­но – ве­ли Дра­ги­че­виќ-Прој­ков­ска.

За Љу­тков Ду­шан Ко­ва­че­виќ е мај­стор ед­на со­ци­јал­на дра­ма да ја пре­тво­ри во црн ху­мор и се­ко­гаш на кра­јот да да­де не­ка­ква на­деж.

– Тоа што тие се во тес­ни чев­ли го отс­ли­ку­ва на­ше­то вре­ме кол­ку сме стег­на­ти, обре­ме­не­ти, кол­ку не мо­же­ме да мрд­не­ме ни­ка­де ко­га сме глад­ни и си­ро­маш­ни. Но, де­ка еден ден ќе се ос­ло­бо­ди­ме, тоа ќе се слу­чи на дру­ги­от свет. Се­ко­гаш на­ши­от жи­вот оди во таа на­со­ка – ко­га ќе се ро­ди­ме сме го­ли и бо­си, ко­га жи­ве­е­ме сме стег­на­ти и око­ва­ни, има­ме страш­ни проб­ле­ми и на крај ќе си ја олес­ни­ме ду­ша­та и ќе би­де­ме го­ли и бо­си ко­га ќе за­ми­не­ме од овој свет. Ко­ва­че­виќ ус­пе­ва таа па­ра­ле­ла, дра­ма­ти­ка, да не би­де су­ро­ва. Тој знае да на­пра­ви ху­мор на кој ќе се сме­е­ме и се сме­е­ме – ве­ли Љу­тков.

Zoran Lutkov - sase i Biljana Dragicevic - Sashka (4)

Снимањето на „Сашо и Сашка“ ги зближи

И двај­ца­та ве­лат де­ка на пр­ви­те чи­тач­ки про­би има­ло мно­гу сме­е­ње…

– Се сме­е­ме на нив­на­та та­га, а всуш­ност не мо­жеш по­и­на­ку, не мо­жеш да се бо­риш про­тив тоа што е ре­ал­но црн ху­мор, а се сме­еш би­деј­ќи ина­ку тре­ба да пла­чеш мно­гу. Тре­ба да го жа­лиш це­ли­от свет – ве­лат акте­ри­те.

Са­шо и Са­шка“ ги збли­жи ка­ко акте­ри-парт­не­ри

Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска и Љу­тков се поз­на­ва­ат дол­го вре­ме, игра­ат за­ед­но во мно­гу прет­ста­ви и, мо­же­би, за­тоа лес­но им оди друж­ба­та и актерс­тво­то на сце­на.

– До­де­ка Зо­ки сту­ди­ра­ше, а јас ве­ќе бев дип­ло­ми­ра­на, ра­бо­тев­ме дет­ски прет­ста­ви и од та­му трг­на на­ша­та друж­ба. Ед­но­став­но, се пре­поз­нав­ме по енер­ги­ја. Ме­ѓу­тоа, тоа ни­ко­гаш не се знае ка­ко ќе се раз­ви­ва по­на­та­му во те­а­тар. Има раз­ни слу­чаи – јас сум 16 го­ди­ни во те­а­тар и се слу­чу­ва со не­кои ко­ле­ги да не сме се срет­на­ле на сце­на, а су­пер се дру­жи­ме. Ме­ѓу­тоа, ни­ко­гаш не нѐ спо­и­ле на сце­на. Со Зо­ки има­ме пет-шест прет­ста­ви ка­де што сме за­ед­но на сце­на. Но, факт е де­ка нѐ пре­поз­на­ва­ат по се­ри­ја­та „Са­шо и Са­шка“. Те­ле­ви­зи­ја­та е ме­ди­ум што пре­зен­ти­ра сѐ – и до­бро и ло­шо. Во слу­ча­јов ние имав­ме од­лич­на шан­са да ја ре­а­ли­зи­ра­ме се­ри­ја­та „Са­шо и Са­шка“ ка­де што ста­на­ме пре­поз­нат­ли­ви. И по ква­ли­тет и по ху­мор и, нај­ве­ро­јат­но, ви­зу­ел­но ка­ко двој­ка – рас­ка­жу­ва Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска за по­че­то­кот на друж­ба­та со Љу­тков.

Иа­ко че­сто се за­ед­но во исти по­дел­би на прет­ста­ви­те, не­ко­гаш не се и ди­рект­ни парт­не­ри во иста прет­ста­ва. Но, мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка ре­жи­се­ри­те ги пре­поз­на­ва­ат ток­му по таа енер­ги­ја што ја но­сат и двај­ца­та и ко­ја им е по­треб­на на ре­жи­се­ри­те

– Има­ме су­пер со­ра­бо­тка и су­пер двој­ка сме ко­га ќе се по­го­ди­ме во исти сце­ни. Во „Са­шо и Са­шка“ се на­пра­ви го­лем ка­стинг што бе­ше мал­ку не­о­бич­но за сни­ма­ње на те­ле­ви­зи­ска се­ри­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Има­ше осум до де­сет двој­ки и си­те бев­ме раз­лич­ни. Всуш­ност, ние не ни бев­ме парт­не­ри. Бев­ме со со­се­ма дру­ги парт­не­ри во сце­ни­те и на крај нѐ од­браа нас двај­ца, а не­мав­ме ни­ту ед­на за­ед­нич­ка сце­на во пи­лот-се­ри­ја­та што ја сни­мив­ме – ве­ли Љу­тков.

Од вре­ме­то на сни­ма­ње­то на се­ри­ја­та и двај­ца­та но­сат мно­гу уба­ви спо­ме­ни. Се се­ќа­ва­ат на мно­гу за­бав­но сни­ма­ње, мно­гу дру­же­ње…Се­ри­ја­та има­ше од­ли­чен фор­мат – таа бе­ше кра­тка, сим­па­тич­на, а од акте­ри­те ба­ра­ше мно­гу вни­ма­ние и по­све­те­ност би­деј­ќи се сни­ма­ше во еден ка­дар, ка­ко те­а­тар­ска сце­на.

Солунски патрдии 2

Драгичевиќ-Пројковска и Љутков како татко и син во „Солунски патрдии“

– Има нај­а­ва де­ка се­ри­ја­та ќе го про­дол­жи сво­јот жи­вот би­деј­ќи и пуб­ли­ка­та го ба­ра тоа. Ус­лов­но ка­жа­но, ние сме во пре­го­во­ри, но уште не­ма ни­што офи­ци­јал­но. По­ми­наа осум го­ди­ни, ама уште нѐ пре­поз­на­ва­ат по ли­ко­ви­те од се­ри­ја­та. Мно­гу бе­ше важ­но тоа што сце­на­ри­о­то бе­ше ин­те­рес­но, а тоа ре­тко го има – ве­ли Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска.

Сце­на­ри­о­то за се­ри­ја­та го пи­шу­ваа де­се­ти­на сце­на­ри­сти и си­те сце­ни беа ви­сти­ни­ти.

– Фор­ма­тот бе­ше та­ков и про­ду­цен­тот ба­ра­ше да се пре­поз­на­ва­ат мно­гу лу­ѓе во се­ри­ја­та од се­дум до 77 го­ди­ни. Има­ше случ­ки што вклу­чу­ваа све­кр­ви, мај­ки, род­ни­ни, кои беа зат­скри­е­ни, но беа при­сут­ни од про­фил. Мно­гу ми е дра­го што ги има и на „Јут­јуб“. Имав­ме гра­ни­ца до ка­де мо­же да ги во­ди­ме ли­ко­ви­те – ве­ли Љу­тков.

Спе­ци­јал­но за се­ри­ја­та бил на­ме­стен и стан и се сни­ма­ло по­ве­ќе од ед­на го­ди­на. По­ми­ну­ва­ле дол­го вре­ме за­ед­но, по­ве­ќе од ед­на го­ди­на. Еки­па­та со ко­ја ја ра­бо­теа се­ри­ја­та би­ла ма­ла, што до­пол­ни­тел­но вли­ја­е­ла на це­ли­от про­из­вод.

Грев или Шприцер

Во „Грев или шприцер“ имаат кратка, но интензивна сцена

– Нај­ве­ро­јат­но и се­ри­ја­та нѐ збли­жи мно­гу и мно­гу се за­поз­нав­ме во те­кот на сни­ма­ње­то. Сни­мав­ме се­којд­нев­но. Баш ста­нав­ме се­мејс­тво, по­ми­нав­ме низ до­бри и низ ло­ши ра­бо­ти. И, ед­но­став­но, ко­га ќе по­ми­неш низ сѐ, се раз­би­раш со пог­лед. Мо­же­ме да си ги по­чув­ству­ва­ме енер­ги­и­те – ве­ли Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска.

– Еки­па­та не се ме­ну­ва­ше, бев­ме ист тим што ја ра­бо­те­ше се­ри­ја­та. Мно­гу се збли­жив­ме си­те. Дол­го вре­ме не­ма­ше ма­ке­дон­ски про­из­вод. Еки­па­та на МТВ за­ед­но со про­дук­ци­ја­та „Вокс“ на­пра­ви до­бар про­из­вод. Се сни­ми­ја 25 епи­зо­ди – до­да­ва Љу­тков.

До­ма кај Љу­тков не се збо­ру­ва за ра­бо­та, Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска се­ко­гаш се ин­те­ре­си­ра за прет­ста­ви­те на со­пру­гот

И во при­ват­ни­от жи­вот нив­ни­те жи­вот­ни парт­не­ри се по­вр­за­ни со те­а­та­рот – Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска е во брак со ре­жи­се­рот Де­јан Прој­ков­ски, а Љу­тков е же­нет со актер­ка­та Ма­ја Љу­тко­ва. Зо­ран и Ма­ја ре­тко на­ста­пу­ва­ат за­ед­но на сце­на, а Бил­ја­на игра­ла са­мо во ед­на прет­ста­ва на сво­јот со­пруг, „Па­дот на не­ви­но­ста“ – во ко­ја и се за­поз­на­ле.

– Јас и Ма­ја мно­гу ре­тко сме на­ста­пу­ва­ле за­ед­но на сце­на. Тоа се слу­чи­ло во два про­е­кта во те­а­та­рот во Ве­лес и тоа во прет­ста­ви­те „Дон Жу­ан“ и во „Но­ќи­те во бел са­тен“. Су­пер се раз­би­ра­ме. Ние во­оп­што не раз­го­ва­ра­ме до­ма за на­ша­та ра­бо­та. Не ги пре­не­су­ва­ме нер­во­зи­те и проб­ле­ми­те од ра­бо­та за­тоа што и двај­ца­та ги има­ме исти­те проб­ле­ми и ни се слу­чу­ва­ат исти­те фи­ни ра­бо­ти – ве­ли Љу­тков.

Огнени јазици

Заедно на сцената во „Огнени јазици“

За раз­ли­ка од не­го, Бил­ја­на са­ка да збо­ру­ва со Де­јан за не­го­ва­та ра­бо­та и за тоа што му се слу­чу­ва на про­би­те во те­а­та­рот.

– Тој, се­пак, има по­и­на­ква про­фе­си­ја од на­ша­та. По­и­на­ку е ко­га имаш до­ма ре­жи­сер. Се­ко­гаш се ин­те­ре­си­рам за не­го­ви­те про­би и се­ко­гаш са­кам да дој­дам ед­на не­де­ла пред пре­ми­е­ра­та и да гле­дам не­кол­ку про­би. Имам и су­ге­стии за не­го. Се­пак, оста­ну­ва тоа што тој са­ка да го ви­ди од прет­ста­ва­та. Се­ко­гаш ме слу­ша во одре­де­ни сег­мен­ти. Са­кам да гле­дам ка­ко ра­бо­ти. Мис­лам де­ка е во ред тоа што не играм во не­го­ви­те прет­ста­ви. Се­кој си го те­ра сво­јот пат. Ко­га јас кон­стант­но би игра­ла во не­го­ви­те прет­ста­ви тоа би би­ло за­мор­но и за ди­ску­си­ја во­оп­што. Ва­ка има­ме што да си ка­же­ме. На­ша­та пр­ва сред­ба бе­ше во не­го­ва­та прет­ста­ва „Па­дот на не­ви­но­ста“, то­гаш се за­поз­нав­ме и мис­лам де­ка су­пер функ­ци­о­ни­рав­ме. Ме­ѓу­тоа, за­бав­но е и ва­ка. За­бав­но е тој да ги гле­да мо­и­те прет­ста­ви, јас не­го­ви­те – ве­ли Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска.

На­ју­ба­ви­те го­ди­ни за жи­вот и за те­а­тар

По­ве­ќе од 15 го­ди­ни се во те­а­та­рот, но и двај­ца­та се­га се во пол­на ра­бот­на си­ла и ги жне­ат нај­го­ле­ми­те ус­пе­си и ги жи­ве­ат нај­у­ба­ви­те го­ди­ни.

– По три­е­сет­та­та го­ди­на акте­ри­те ста­ну­ва­ат по­зре­ли и ста­ну­ва­ат тоа што тре­ба да би­де еден актер. Мис­лам де­ка овие го­ди­ни ни се нај­до­бри. Се­га сме во пол­на ра­бот­на си­ла и се­га е пер­и­од ко­га тре­ба да ра­бо­ти­ме најм­но­гу и да да­де­ме ма­кси­мум од се­бе – сме­та Дра­ги­че­виќ-Прој­ков­ска.

Љу­тков на тоа до­да­ва де­ка тие се прис­по­соб­ли­ви ка­ко акте­ри и го да­ва­ат тоа што ре­жи­се­рот го ба­ра од нив. – Ние сме им пот­чи­не­ти на ре­жи­се­ри­те. Ние ба­ра­ме ред и дис­цип­ли­на, тоа ни е мно­гу важ­но за на­ша­та си­гур­ност и кре­а­ци­ја – сме­та Љу­тков.

За­до­вол­ни се што до­се­га би­ле дел од прет­ста­ви­те на нив­ни­те по­чи­ту­ва­ни про­фе­со­ри и ре­жи­се­ри. Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска со за­до­волс­тво се се­ќа­ва на пер­и­о­дот ко­га се играа прет­ста­ви­те во кој таа бе­ше дел од актер­ска­та еки­па – „Па­дот на не­ви­но­ста“,Поб­ли­ску“,Ди­во ме­со“,Кан­дит“.

– Тоа е еден мно­гу убав пер­и­од во ма­ке­дон­ски­от те­а­тар. Тоа се прет­ста­ви­те на мо­јот со­пруг Де­јан Прој­ков­ски, Сло­бо­дан Ун­ков­ски, Вла­до Мил­чин, Са­шо Ми­лен­ков­ски. Прет­ста­ви­те се играа дол­го вре­ме. Отка­ко сме парт­не­ри со Љу­тков, мо­ја нај­о­ми­ле­на со­ра­бо­тка е таа во „Со­лун­ски па­тр­дии“, ка­де што јас го играм не­го­ви­от та­тко, по­тоа „Ог­не­ни ја­зи­ци“. Во „Грев или шпри­цер“ има­ме ед­на ку­са сце­на, но до­вол­но впе­чат­ли­ва и таа ми е мно­гу дра­га и зна­чај­на. Ту­ка би ја вбро­и­ла и „Пос­лед­ни­те Ма­ке­дон­ци“ – ве­ли Дра­ги­че­виќ – Прој­ков­ска.

Љу­тков со за­до­волс­тво го­во­ри за со­ра­бо­тка­та со не­го­ви­от про­фе­сор Мил­чин, но е сре­ќен што ра­бо­тел и со Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, Сло­бо­дан Ун­ков­ска, Мар­тин Ко­чов­ски.

– Со Мил­чин ги ра­бо­тев „Ре­ви­зор“,Де­мо­ни“, по­тоа „Дон Жу­ан“ на Де­јан Дам­ја­нов­ски, по­тоа сле­де­ше не­ко­ја стаг­на­ци­ја. Дра­го ми е што ра­бо­тев со си­те ре­жи­се­ри со кои са­кав – со Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, Ун­ков­ски, Мил­чин, Мар­тин Ко­чов­ски. Жа­лам што уште не сум со­ра­бо­ту­вал со Прој­ков­ски. Имав ед­на кра­тка, епи­зод­на уло­га, но се на­де­вам де­ка ќе се нај­де­ме во ско­ро вре­ме – ве­ли Љу­тков.

 

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top