| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврте комбе пред Ќафасан – двајца загинати, четворица во кома и 13 повредени

kombe

Две лица го загубија животот, четворица се во кома и 13 се полесно повредени во собраќајната несреќа што се случи на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан, јавува „Дневник“.

Комби возилото кое превезувало албански државјанки во Струга, најпрво се удрило во електричен столб,по што завршило во канал. Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана. Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години.

Во комби возилото биле 25 патнички, главно пензионерки, кои во Струга планирале да остант неколку дена за да го одбележат осми март денот на жената. Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило но ја изгубил контролата

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top