Фудбалско чудо се случи во Катерини, Грција, каде младата селекција на нашиот јужен сосед ја победи Турција, иако повеќе од еден час играше со два игачи помалку, а притоа имаше и негатива од 0-1.
Пресметката на старите лути ривали, почна како што посакуваа Турците со водство. Гол од пенал во 11 минута постигна Басан, а исклучен беше грчкиот стопер Триантафилопулос. Грците прдолжија со остра игра, па во соблекувална предвреме уште во 26. минута мораше да замине и десниот бек Кицу.
И кога се очекуваше сигурна победа на гостите, се случи сензационален пресврт. Со два гола во второто полувреме, домаќините направија пресврт, иако беа деветмина, наспроти 11 турски репрезентативци на теренот во Катерини. Со обложувачки речник се случи „два во еден“, а головите ги постигнаа Карелис и Бухалакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа