Влатко Стефановски е легенда на рок музиката, со групата Леб и Сол стана препознатлив и надвор од Македонија, а одлучи со фудбалските репрезентативци да го сподели рецептот што успева, што носи победи.
„Македонија е мала земја оспорувана од многу страни и сите заедно, на некој начин, се бориме да ја еманципираме. И јас сите овие 40 години како музичар сум почнувал од позиција на аутсајдер. Од старт сум бил потценет. Но, тоа што доаѓам од Македонија, од мала средина, не ме прави помалку вреден. Напротив, ми дава еден вид дополнителен инает на сите да им покажам што знам и умеам. Фокусирање на духовната, менталната и на колективната енергија се многу важни работи затоа што заедничкиот дух кој ќе го изградите треба да е енергија на 15 лица“, им порача Влатко на репрезентативците на Македонија пред дуелот вечерва со Летонија.
Тој им посака и многу среќа пред стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2016 во Франција, а од ФФМ доби дрес со националните обележја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)