| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лос Анџелес е забранета електронската цигара на јавни места

elektronska cigara

Лос Анџелес во вторникот едногласно ја донесе забраната за користење електорнска цигара на јавни места.

Забраната се однесува на паркови, плажи, дискотеки и зони на забава каде што тутунот е забранет. Клубовите за пушачи на електронската цигара нема да бидат опфатени во таа забрана. Клубовите за пушачи на наргиле, каде што тутунот не е забранет, исто така нема да бидат дел од таа забрана. Пушењето на е-цигарата ќе биде дозволено во филмовите.

Е-цигарата е претставена како начин да се престане со пушењето. Таа им овозможува на корисниците да вдишуваат никотинска пареа, но стручњаците тврдат дека не знаат како влијаат на непушачите материите што ги испушта е-цигарата.

Помалку опасен не значи безопасен, изјави доктор Џонтан Филдинг, директорот на санитарните служби во Лос Анџелес.

– Иако помалку опасни од традиционалните цигари, некои е-цигари претставуваат опасност по здравјето – , додаде тој.

Оваа цигара е забранета и во Њујорк, а во повеќе европски и латиноамерикански земји исто така е забранета електронската цигара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top