| четврток, 6 декември 2018 |

И да не знаел и да не ја кажувал вистината, Пендаровски е во тешка ситуација

 

Кандидатот на СДСМ за претседател на државата Стево Пендаровски во кампањата влегува со нерасчистената дамка поврзана со неговото негирање дека воопшто е контактиран за претседателските избори.

Доколку е точно дека еден ден пред СДСМ јавно да признае дека Пендаровски е кандидат за претседател, тој навистина не бил контактиран од партијата за претседателската кандидатура тогаш јасно е дека мали се шансите  во иднина да не биде марионета со која што ќе управуваат други , пред се екс шефот Црвенковски преку сегашниот лидер Заев.

Навистина е тешко да се претпостави каков авторитет ќе гради професорот Пендаровски ако еден ден стане претседател или активна фигура во некоја политичка партија, ако пред најголемиот предизвик во неговата политичка кариера тој воопшто не бил консултиран туку само добил наредба да стане кандидат.

Доколку пак Пендаровски знаел се за неговата кандидатура а свесно ги скрил фактите тогаш јасно е дека Македонската јавност ќе се соочи со уште еден политичар кој што најблаго кажано ја премолчува вистината.

Само за потсетување, во изјава за „Република“ еден ден откако „Прес 24“ објави дека Пендаровски е веќе избран за кандидат тој негираше дека имал било какви контакти со СДСМ на тема претседателски избори.

Веднаш потоа наредниот ден СДСМ и официјално објави дека Пендаровски избран за кандидат, без притоа да биде објавено кое тело, во конкуренција со кои кандидати и во која процедура било решено за тоа.

И за граѓаните и за Пендаровски најдобра ќе беше третата варијанта во која тој од страна на партиските тела на СДСМ е избран во регуларна процедура во конкуренција со неколку други видни политичари во опозицијата.

Уште подобро ќе беше Пендарвоски веднаш да ја потврдеше неговата желба да се кандидира за претседател и да влезеше во јавна битка за шеф на македонската држава.

Вака, со беспотребни игри во кои Пендаровски или се правеше недоветен или мислеше дека граѓаните се недоветни тој сам ја уништи шансата да го зачува имиџот за кој толку многу се бори, чесен и доблесен политичар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top