Постојат неколку начини на кои жените можат да регираат кога ќе дознаат дека сопругот има љубовница и дека таа е бремена.
А еден од нив секако е и овој кој неодамна се појави на Редит: Тимешиа Браун можела во живо и приватно сопругот-прељубник да го соочи со неговото недело, но наместо тоа објавила оглас во весниците по пат на кој им честита на на приновата на љубовницата и нејзиниот сопруг.
– Се надевам дека сте многу вљубени и дека се ова добро ќе заврши, стои пред потписот „Сопругата на Патрик“.
Секако, постои веројатност дека огласот е лажен: на пример, минатата година имавме можност да видиме како сопругата на мажот-неверник го прозва преку џамбо билборд, за потоа на крајот да се утврди дека се е само маркетиншки трик на локалната слаткарница.
А ако сето ова навистина се случило, на Тимешиа најверојатно и е подобро отколку кога само што дознала: малку пасивно-агресивна одмазда секогаш го поправа расположението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.