| четврток, 6 декември 2018 |

Беким Фазлиу: ВМРО ДПМНЕ вработи 30.000 Македонци, ДУИ ниту еден Албанец

bekim fazliu

Пратеникот од редовите на ДПА Беким Фазлиу денеска од собраниската говорница ја критикуваше работата на партијата на Ахмети, обвинувајќи ја дека во текот на нејзиното владеење не неправила ништо во интерес на Албанците во Македонија. Фазлиу рече дека во годините додека ДУИ е на власт се инвестирало само во средините каде што мнозинство се Македонци, но не и во албанските.

– ВМРО ДПМНЕ вработи 30.000 Македонци во слободните економски зони. Во исто време ДУИ не вработија ниту еден Албанец. Се инвестираше само во македонските средини, а нема ниту една инвестиција во албанските средини. Нема ниту еден инвеститор во Тетово, Гостивар, Липково, Боговиње, Зајас…, рече пратеникот на ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top