| четврток, 6 декември 2018 |

Позитивците нема да поддржат ниту еден претседателски кандидат

Alijansa za pozitivna makedonija zikov bucko minco

Алијансата за позитивна Македонија се пререгистрира во политичка партија. Партијата основана од Владо Бучковски, Минчо Јорданов, Љупчо Зиков го поздрави распишувањето на предвремените парламентарни избори.

– На следните вонредни парламентарни избори ќе настапиме како политичка партија. Го поздравуваме распуштањето на парламентот и распишувањето на предвремените парламентарни избори. Сметаме дека ова е признание на парламентарниот состав за немоќта да ја води Македонија напред. Пред Македонија стојат огромни предизвици за јакнење на капацитетот на парламентот и изборот на нови пратеници кои ќе ја вратат довербата кај граѓаните – рече Љупчо Зиков, претседател на граѓанското движење што прераснува во политичка партија.

Тој потенцираше дека невработеноста и иселувањето на младите од Македонија се најголемите предизвици на чие решавање ќе работи партијата. Нудат проект за 100.000 работни места во нови фирми во идните 2 до 4 години.

-Алијансата за позитивна Македонија ќе им го понуди овој договор на граѓаните и се обврзува дека како дел од идната власт, во наредните 365 дена ќе овозможи 30.000 нови работни места – додаде Зиков.

На претстојните претседателски избори Позитивна Македонија нема да поддржи ниеден кандидат за претседател од досега понудените на другите партии. Во врска со можно коалицирање со други партии за изборите, Зиков посочи дека се разгледуваат можностите.

– Ги повикуваме своите членови и симпатизери да излезат и да гласаат по свое сопствено убедување. Имаме намера со своето дејствување да ја вратиме довербата. На парламентарните избори ќе настапиме сами. Имаме силна идеја и готови проекти и воопшто не нè интересира изборниот модел, иако сметаме дека е лош. Но, пред македонските граѓани ќе излеземе со искрени проекти. Имаме мерки и акционен план како да се одвиваат тие мерки – рече Зиков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top