Гасификацијата на скопските клиники покажа исклучително позитивни ефекти и од финансиски и од еколошки аспект.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, денес посочи дека по гасификацијата Клиниките месечно заштедуваат 8.660.000 денари, односно 140.000 евра.-Само за споредба, во февруари 2013 година, кога Клиничкиот центар се грееше на мазут, потрошени се 20 цистерни во вкупна вредност од 20.135.000 денари. Изминатиов месец, во февруари 2014 година, по гасификацијата, за греење, Клиниките потрошиле 11 милиони денари. Ова покажува дека придобивките се огромни – истакна Тодоров.

Освен финансиски, гасификацијата на Клинички донесе и еколошки ефекти.
Загаденоста на воздухот во центарот на градот, вели Тодоров, е видно намалена.
Финансиските заштеди Клиниките ќе ги пренасочат за поквалитетна здравствена заштита за пациентите. Во јуни годинава, според најавите на Министерството за здравство, ќе се гасифицира и градска општа болница „8 Септември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.