| четврток, 6 декември 2018 |

Пензиониран полицаец си го убил синот (видео)

Пензионираниот полковник на полицијатаТим Дејвис (44) од Флорида го убил својот син, а настанот го регистрирала безбедносна камера

438705_300x0
Видео записот од безбедносна камера го покажува моментот кога пензиониран полицаец од Флорида зема пиштол од автомобилот и стрела во сопствениот син по скандалот за старателско право на внукот, објави „Дејли Меил”. Шокантно видео ќе биде клучен доказ во процес за убиство.

Обвинетиот Тим ​​Дејвис тврди дека го убил 22-годишниот син Тим Дејвис помладиот во самоодбрана, откако тој прв се нафрлил да го тепа. Кадрите сепак покажуваат како тој оди кон својот син со подигнато оружје и не се гледа дека бил претепан.

Камерата, која најверојатно ќе го испрати Дејвис на долготраен затвор, е инсталирана од него. Пред органите Дејвис тврдел дека пукал два пати и се колнел дека не сакал да го убие своето дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top