Тито Петковски очигледно е човек без трошка срам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со неговото денешено тврдење дека војната од 2001 година била фингирана тој ги навреди сите бранители кои се решија да ја бранат сопствената држава, но и ги навреди семејствата на оние кои го положија својот живот.
– Ако тој навистина има дилеми и прашања, најдобро е да им се обрати на неговите коалициони партнери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски и од нив да побара објаснување. Но, може и сам да се потсети и конечно да и даде одговор на македонската јавност какви средби имал тој самиот во текот на војната со високите претставници на ДУИ. Што договарал и што зборувал со нив? – прашуваат од владејачката партија.
Од таму велат дека Тито Петковски е политичар кому националните интереси му се обична монета за поткусурување. Впрочем, Петковски е “грчкиот пратеник“ кој во македонското Собрание се дрзна да предлага промена на името на Република Македонија во стилот на најголемите грчки националисти.
-Тито Петковски, наместо да шири манипулации и безочно да лаже, на јавноста треба да и каже какви средби имал и што разговарал како функционер на СДСМ со претставниците на ОНА, токму во време на конфликот во 2001 година – побараа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)