| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Димитров ја доби првата награда на фестивалот за илустрација на книга во Банат

Третиот Фестивал на илустрации на книги „BookILL Fest“ организиран од страна на Банатскиот културен центар, додели Награда за користење фотографија за илустрирање на книга на македонскиот уметник и дизајнер Тони Димитров, за насловната страна на поетската книга „Шеќер по подот“ на Снежана Стојчевска во издание на Или Или од Скопје. Исто така, корицата на оваа книга беше изложена и во рамките на изложбата која беше одржана по повод овој фестивал за илустрации на книги кој се одржа во рамките на дваесеттиот меѓународен салон на книгата во Нови Сад.

Се работи за еден од ретките фестивали во светски рамки кои конкретно се однесуваат на илустрациите на книги, а оваа година беа доделени награди за четири категории: најдобри илустрации за поетски и прозни книги, книга за деца, за примена на фотографија во илустрирање на книга, а беа доделени и посебни признанија надвор од горенаведените категории. Покрај српските автори учествуваа и дизајнери, илустратори и уметници од Шпанија, Франција, Италија, Словенија, меѓу кои и Valentina Brostean (Италија), Dušan Gačić  (Хрватска), Gwen Keraval (Франција), Ozren Midžalo (Црна Гора), Iztok Sitar (Словенија), Kristina Pacesaite (Шпанија)…

Свеченото отворање на овогодинешната поставка и прогласувањето на победниците, се одржа на главната сцена сала во халата Master во петок 28 февруари, каде беа доделени наградите во четирите категории. Во текот на целото траење на саемот, од 28 февруари до 4 март 2014, делата ќе бидат поставени во Master халата на Новосадскиот саем.

Едицијата „Русалки’’ во издание на Македонскиот издавач Или Или се состои од четири книги современа македонска поезија, од четири современи македонски поетеси, каде покрај книгата „Шеќер по подот“ на Снежана Стојчевска, се наоѓаат и Мижитатара на Катерина Батаклиева, Жега на Аница Блажевска и Ладно кафе на Цветанка Колева. Комплетното техничко уредување, фотографијата, дизајнот на кориците и дизајнот на логото на едицијата „Русалки’’ е на Тони Димитров.

book-ill-fest-2014

BookILL Fest – е Фестивал на илустрации на книги, кој во организација на Банатскиот културен центар и Новосадскиот саем, по трет пат се одржа на 28 февруари 2014 година на Новосадскиот саем во рамките на дваесеттиот Меѓународен саем на книгата.
Во рамките на фестивалот доделени се награди за најдобри илустрации на книги и беше отворена изложба на селектирани дела од конкурсот, која ја отвори претседателот на жирито Слободан Ивков, а исто така беше одржана и промоција на книгата „Илустрирање поетски книги: историја, теорија, пракса“ на Сенка Филиповиќ.

По повод овој фестивал беше објавен конкурс за најдобро илустрирани книги на кој од 95 автори од Србија и 8 други земји (Франција, Шпанија, Италија, Словенија, Босна, Хрватска, Црна Гора и Македонија ) пристигнаа околу 600 дела.  Жирито во состав Слободан Ивков (претседател), Сибила Патељи Арбутина и Сенка Влаховиќ Филипов, селектираше потесен избор од околу 100 дела од 75 автори кои беа поставени на изложба во текот на целото времетраење на Саемот на книгата , од 28 февруари до 4 март 2014 година.

Покрај наградата за користење на фотографија при илустрирање книга, доделена на Тони Димитров, наградата за најдобра поетска книга беше доделена на Валентини Броштеан од Италија за илустрациите под наслов „Позади ѕидовите“ и „Канџи за кинење на стварноста“ од книгата на Жељко Катаниќ „Зашто бубамарите јадат луѓе?”. Наградата за најдобра илустрација на прозна книга беше доделена на Славко Круниќ за илустрирање на книгата на Маријана Огњановиќ „Мавзолеј” (Alta Nova, Белград), додека наградата за најдобра илустрација на книга за деца на Добросав Боб Живковиќ, за илустрирање на книгата на Зоран Пеневски „Да пукнеш од монструмот” (Kreativni centar, Белград).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top