Убавата актерка Скарлет Јохансон го очекува првото дете со францускиот новинар, свршеникот Роман Дауријак. Странските таблоиди пишуват дека Скарлет веќе е во петти месец од бременоста.
29-годишната Скарлет се сврши за францускиот новинар во септември минатата година, но бракот ќе почека затоа што актерката одлучила дека никаде не ѝ се брза.
Бременоста за „Е!“ ја потврдија неколку извори, а од приновата наводно ја делат само четири месеци.
Скарлет и францускиот новинар својата врска ја обелоденија во 2012 година, недолго откако актерката ја прекина долгогодишната врска со Нејт Нејлор.
Актерката зад себе има еден брак, и тоа со Рајан Рејнолдс, од кого се разведе во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.