СВР Охрид поднесе кривична пријава за 33-годишниот А.Ф. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело изнуда.
Имено, пријавениот на 25 февруари годинава на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид го забележал лицето С.Д., го удрил и му упатил сериозна закана барајќи му 1000 евра или замена за месо и за пијалаци во износ од 2.000 евра.
Потоа повторно го удрил со рака заканувајќи му се дека настанот ќе го пријави во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.