| четврток, 6 декември 2018 |

Во јануари регистриран трговски дефицит од 187 милиони долари

гузва

Вкупната вредност на извозот во јануари изнесува 318 милиони и 574 илјади долари, додека на увозот 506 милиони и 461 илјади долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз е 62,9 отсто, а трговскиот дефицит, во јануари, бил 187 милиони и 857 илјади долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во јануари оваа година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 82,1 отсто и земјите од Западен Балкан со 11,7 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 со 65,5 отсто и oстанати земји, на друго место неспомнати со 10,4 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, односно 54,2 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top