Започна реставрацијата на некогаш репрезентативниот објект во заливот Лапад, кој некогаш му припаѓал на Тито. На вилата во моментот се одвиваат градежни работи, со што вилата ќе биде подготвена за летната туристичка сезона.
За оваа вила, која ја нарекуваат Титова Вила, Тито не бил воопшто заинтересиран. За него не била атрактивна вилата покрај Јадранското Море.
Вилата била добро чувана. Се уште не се знае што ќе биде со неа, каква намена ќе добие, но се зборува дека можела да биде третата вила во Дубровник наменета за посебни туристи.
Вилата била денационализирана, но со обврска на државата да и се понуди закуп на 10 години. Државата не прифатила, по што била предадена во сопственост на Милосавиќ.
По враќањето на вилата на законските наследници, Агенцијата за управување со државен имот одлучи по пат на јавна лицитација да го продаде целиот мебел од поранешната државна резиденција во која честопати одмарале бројни странски државници. Огласена е продажбата на 115 предмети од кои повеќето се од 19 век. Најинтересен дел за љубителите на ликот и делото на Тито е неговиот масивен кревет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.