| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Санино не побара одложување на изборите

ВМРО-ДПМНЕ негира дека Стефано Санино побарал одложување на локалните избори.

-Санино во ниту еден момент не побара одлагање на изборите, напротив, побара опозицијата да се врати во Pарламентот – изјавува за Република висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги демантира информациите објавени на Дојче Веле, дека  по посетата на генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефанo Санино неофицијално во игра е одложување на локалните избори со цел да се даде време за формирање на експертската комисија што ја предложи претседателот Иванов. Таа би била со прецизно утврден формат и рокови за утврдување на настаните што претходеле и кулминирале на 24 декември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top