Утрото во вторник донесува намалена облачност на повеќе места низ земјава, што ќе донесе и можност за да видиме малку сонце. Сепак, веќе околу пладне, прво во западниот регион од земјава, повторно се враќа значителната облачност која носи и нови врнежи. Овие облаци и врнежи ќе се шират кон источниот дел од земјата во попладневните и во вечерните часови. На повисоките планини (над 1600 метри) овие врнежи ќе бидат од снег. Денот ќе биде потопол во однос на претходниот.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност околу 11 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, и до 16 степени во југоисточните краишта.
Во Скопје се очекува облачно време со сончеви периоди претпладне, а попладнето и вечерта донесуваат ново наоблачување и дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 1 степен, а максималната околу 13 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.